Се враќаат концертите, ќе се пее под маска

Здруженијата зеле обврска, за што министерот ги пофали, сами да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки.

Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат концерти со посебни мерки за заштита.

-Денеска на Комисијата за заразани болести дискутиравме за барањата на музичарите. Се усвои протоколот за организирање на настани. Претставници на здруженијата на музичари заедно со претставници на организаторите на настани беа заедно на состанок минатата недела. Донесоа еден навистина солиден протокол, можам да кажам, со строго контролиран влез, начин како ќе се контролираат протоколите во рамки на тие настани. Денеска се дозволи да се организараат настани, да биде капацитетот пополнет не повеќе од 50% на местото каде што се организира настанот, картите да се продаваат електронски, за да не се прават гужви и редици и задолжително да се носат маски на сите тие настани – рече министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче смета дека протоколот е одличен. Здруженијата зеле обврска, за што министерот ги пофали, сами да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки.

Повеќе содржини: Филипче: Бројот на заразени со Ковид-19 во Скопје е во континуиран пад, но има нови случаи во неколку градови

Bројот на заразени со Ковид-19 во Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во околината на Тетово, во околината на Гостивар, Штип, Ресен и Битола. Тоа се уште ја одржува бројката на заразени нешто повисоко. Факторот на преносливост заклучно со вчерашниот ден, заклучно со викендот кога ги правивме последните анализи е под 1 и многу е битно така да остане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека мора сите да сфатат дека само со почитување на мерките ќе се извлечеме од оваа криза. Посочи дека слична е ситуацијата и во регионот каде бројот на случаи е во пораст.

Така е секаде каде се попуштаат рестриктивните мерки, а не се почитуваат превентивните мерки. Граѓаните мора да сфатат дека маските мора да се носат и само така за пократрко време ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Анализирајќи ги општините, градовите, препорачуваме и посебни мерки. Затворање на повеќе конфекции во Штип сериозно влијаеше на намалувањето на факторот на преносливот, затворањето на неколкл фабрики во Ресен исто така. Веројатно ќе беше бројот на заболени мнигу повисок ако не се изреагираше на тој начин, потенцира Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Козле.

На прашање колку луѓе може да зарази еден граѓанин со Ковид рече дека тоа зависи од повеќе фактори, прво дали е во рана фаза, од бројот на контакти. што ги има во еден ден и бројот на денови кои ги има со истите тие контакти.

– Некогаш кратка средба на дистанца не претставѕва никаков ризик посебно ако се носат заштитните маски, но секојдневна комуникација повеќе од четири пет дена без дистанца, без маска со еден ист контакт значи висок ризик за трансфер на вирусот, нагласи Филипче.

Во врска со тоа дали на излекувани пациенти им се вратила болеста, истакна дека има еден случај кој треба да се потврди во Куманово.

– Во светот има такви потврдени случаи. На што се должи тоа сега во овој момент науката се уште не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот, каква е таа форма, дали е силна или послабо изрезена се уште немаме доказ. Но, дефинитивно има потврда за појава на рецидив на болеста, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Коментари

коментари