Се фотографираше на гинеколог „Не заборавајте на тоа иако на светот му се ближи крајот“ (ФОТО)

Криси Тиген на својот Инстаграм профил објави фотографија од гинеколошка ординација. Под фотографијата таа ги потсети жените за важноста од редовните прегледи.

„Не заборавајте редовно да го правите ПАП тестот и прегледот на вашите гради, иако на светот му се ближи крајот“, напиша манекенката под фотографијата на која позира во хартиената прекривка, а на лицето ставила заштитна маска.

Објавата собра повеќе од 850 илјади лајкови, а фановите се воодушевени од тоа што Криси се труди да ја пробуди свеста за важноста на женското здравје.

Манекенката неодамна ги отстрани и имплантите од градите, бидејќи како што вели, подолго време имала потешкотии со нив, дури и при спиењето.

Повеќе содржини: Чулев бил на партиска трибина со службено возило. Од неговиот кабинет се огласија односно не негираат дека тој бил таму со службеното возило, но нагласуваат дека тој таму всушност бил во својство на министер за внатрешни работи.

„Министерот Чулев не е ниту политичар, ниту кандидат на изборите, ниту учесник во кампањата. Тој беше службено на средба со граѓани, како министер за внатрешни работи“, велат од ксабинетот на Чулев.
Сепак, на фотографиите од настанот на кој присуствувал Чулев – единствениот член на техничката влада од редовите на опозицијата, може да се забележат симболи на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти тврдењата дека министерот бил таму службено, пишува Либертас.

Коментари

коментари