Ново поскапување на горивата од ноќеска: Цената се зголемува за половина денар по литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за  0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот

Грција во среда го отвора граничниот премин Евзони (Богородица)

Грција од среда отвора седум гранични премини на копнените граници со Македонија, Албанија, Бугарија, и Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовен брифинг со новинарите.

Во однос на Македонија, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека, пак, кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премина.

Коментари

коментари