ЕУ на 1 јули ги отвара границите за 14 земји, но ние од Македонија не сме во нив

Македонија не се најде на листата земји на чии државјани ќе им биде дозволен влез во Европската Унија кога таа повторно ќе ги отвори своите надворешни граници в среда.

Иако Брисел претходно најави дека планира на 1 јули да ги отвори европските граници за земјите од Западен Балкан, на листата на 14 „безбедни“ држави од регионот се најдоа само Србија и Црна Гора. Покрај нив, влез во ЕУ ќе им биде дозволен и на државјаните на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Од ЕУ најавија дека листата ќе се ревидира на секои две недели.

Како и што се очекуваше, на листата не се најдоа САД, Русија и Кина. Брисел изрази подготвеност да ја вклучи и Кина, но само доколку таа им понуди реципроцитетен договор за патување на жителите на ЕУ.

Членките на Европската Унија претходно ги укинаа внатрешните ограничувања за патувања.

132 нови случаи на ковид 19, оздравени се 112 пациенти – починати се 12 лица

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во:

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:

-Скопје 42, Штип 40, Прилеп 1, Тетово 16, Велес 1, Гостивар 5, Кочани 2, Пробиштип 3, Свети Николе 2

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Коментари

коментари