Египет ќе го плаќа лекувањето за оние кои ќе се заразат со Ковид-19 на летување

Според официјалните информации на Министерството за туризам во Египет, патниците кои ќе почувствуваат симптоми и ќе бидат позитивни на коронавирусот за време на престојот во Египет, а зависно од клиничката слика, ќе бидат згрижени моментално и на лице место, од страна на Владата на Република Египет.

Патниците кои ќе имаат полесна клиничка слика, ќе бидат згрижени во својот хотел, во посебен дел (т.н. Ковид-19 дел од хотелот), додека патниците кои ќе имаат потешка клиничка слика, ќе бидат во најкраток можен рок сместени во болница. Трошоците за лекување до целосно закрепнување, ќе ги сноси Република Египет.

Сите патници кои ќе патуваат во Египет ќе бидат обврзани да потпишат документ со кој потврдуваат дека во последните 14 дена не биле во контакт со лице заразено од Ковид-19, како и дека не чувствувале никакви симптоми на вирусот.

Сè уште не е познато дали Македонија ќе биде на листата на земји за чии државјани ќе биде задолжителен негативен PCR тест, не постар од 48 часа, за воопшто да можат да се качат во авион за Египет.

Оваа листа зависи од одлуката на Владата на Република Египет, која ќе се изготвува во соработка со СЗО, а земјите кои ќе бидат на листата за задолжителен негативен PCR тест се оние во кои епидемијата на вирусот Ковид-19 не е доведена под контрола.

Коментари

коментари