Важна вест за Македонците со бугарски пасош – дали и за нив има карантин по излегување од државата?

Македонците со двојно државјанство кои ја посетуваат Бугарија мора да бидат во 14-дневен карантин. Иако Северна Македонија ги отвори сите свои гранични премини, Македонците со двојно државјанство кои ја посетуваат Бугарија, подлежат на 14-дневен карантин. Се очекува одлуката да падне од 1 јули, коментираат официјалните лица на Гуешево, пренесува БНГ (Бугарско национално радио).

Бугарите кои заминаа за Северна Македонија денес се вратија од граничниот премин Гуешево, откако сфатија дека ќе бидат ставени во карантин при нивното враќање, рече службеник на должност на контролниот пункт.

„Некои од нашите луѓе, кои не разбрале, отидоа таму, но кога им беше објаснето, тие се вратија. Зошто? Потоа, кога ќе се вратат, тие подлежат на целосен карантин од 14 дена“.

Десетици грѓани со двојно државјанство се очекува да пристигнат во Кустендил во среда, за да пазаруваат, регистрираат или пререгистрираат моторни возила, компании или други административни работи, изјави маж во една од канцелариите во градот кој им помагаше.

„Карантинот е до 30 јуни. Потоа, на 1 јули, во среда, можеби ќе започнеме. Доколку се тргне карантинот, треба да влезат барем оние со бугарски документи. Сега, ако влезат, тие ќе бидат ставени во карантин“.

Извор: ММС.мк

Коментари

коментари