Бројот на новозаразени со Ковид-19 и натаму трицифрен, најмногу активни случаи во Скопје

Бројот на новозаболените од Ковид-19 во земјава и натаму останува троцифрен. Само во изминатото деноноќие регистрирани беа нови 150 заразени, 30 оздравени и дури девет починати лица. Скопје останува со најмногу заразени, со тоа што вчера во градот беа регистрирани нови 93 случаи.

Од направените 1086 тестирања вчера, регистрирани се 150 нови случаи на Ковид-19 во земјава и тоа во Скопје – 93, Куманово – 7, Штип – 3, Прилеп – 4, Тетово – 12, Струга – 3, Битола – 1, Охрид – 9, Гостивар – 3, Кочани – 1, Кичево – 8, Ресен – 5, Неготино – 1.

Што се однесува до активните случаи по општини во Скопје, вчера во Чаир повторно беа регистрирани најмногу заболени, и тоа дури 421 пациент, потоа следува Аеродром со 147 новозаболени, во Бутел – 137, Гази Баба – 151, Центар – 127..

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 30 оздравени пациенти од Скопје – 21, Штип – 3, Прилеп – 2, Тетово – 3, Битола – 1.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа девет починати лица. Тројца се од Скопје, а шест од нив се од Тетово. Во Тетово вчера имало најмногу смртни случаи за едно деноноќие од кога почна пандемијата. Петмина починаа во тетовската болница, а еден во скопската болница „8 септември“.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906.

Како што информира Министерството за здравство, бројката на оздравени пациенти е 2.236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

На штипското Инфективно одделение се пополнуваат болничките капацитети со нови пациенти заразени со коронавирусот.

Во моментов на ова одделение се лекуваат 29 пациенти од Штип, но и од останатите општини од источниот регион. Остануваа слободни уште шест болнички кревети. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вчера истакна дека тие се подготвени во секој момент да ја направат преселбата на пациентите од одделот за Неврологија на Интерниот оддел, кој е и планот Б, а го имаат предвидено уште на почетокот на пандемијата.

Во Штип досега не е вклучен пациент на респиратор, во моментов двајцата пациенти од оваа општина со потешка клиничка слика се хоспитализирани на Клинките во Скопје.

И покрај зголемената бројка на заболени, министерот за здравство Венко Филипче оцени дека во моментов нема индикација за воведување дополнителни рестрикции во движењето.

Вториот бран е со поголем интензитет од првиот, но според Филипче, ситуацијата добро се менаџира, а здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Располага со доволно болнички кревети и со доволно кадар – лекари и медицински сестри.

-Еден од главните критериуми врз на кои се проценува дали и какви мерки треба да се воведат е капацитетот на здравствениот систем – број на слободни болнички кревети и кадар, што ние засега добро го менаџираме. Има сосема доволно и кревети и лекари и медицински сестри. Не постои друг принцип врз основа на кој би се вовеле некакви мерки, освен овие на кои се темелат и нашите политики и препораки, подвлече Филипче.

По отворањето на границите, Филипче не очекува зголемен број на заразени од коронавирусот затоа што нивниот број побргу се зголемувал преку локална трансмисија на вирусот со кој, како што истакна, мора да се научиме да живееме преку примена на превентивни мерки и средства за лична заштита кои се применуваат секаде во светот.

Коментари

коментари