Претседателот на Собранието и министерот за одбрана позтивини на Ковид-19 во соседна Србија

Изборите си го направија своето. Се славеше победата со играње оро, без дистанца и без маски.

Корона вирусот влезе во Српска напредна странка.

Како што известуваат српските медиуми, заразени се претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, која со воспаление на белите дробови се наоѓа во болница.

Министерот за одбрана Александар Вулин, кој се огласи дека засега нема никакви симптоми исто така е позитивен на корона вирусот.

„Министерот за одбрана Александар Вулин уште еднаш апелира до сите граѓани да се придржуваат кон мерките донесени од Републичкиот кризен штаб и Владата на Србија со цел да се спречи ширењето на вирусот“, се вели во соопштението.

Позитивен на корона вирусот е директорот на канцеларијата за К и М, Марко Ѓуриќ.

Во изминатиот период во Србија се водеше интензивна изборна кампања без никакви заштитни или рестриктивни мерки.

Коментари

коментари