Поради 100 активни случаи на корона-вирус се враќа на сила полицискиот час во Црна Гора

Додека мерките се олабавуваат во Македонија, во другите држави на Балканот ситуацијата е поинаква.

Вучиќ по повод актуелната ситуација со ширењето на коронавирусот за новинарите изјавил дека граѓаните мораат да бидат сериозни и дисциплинирани, особено во Белград.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ од Брисел порачал дека граѓаните на Србија мораат да бидат одговорни и дисциплинирани кога станува збор за заштита од коронавирусот, пренесуваат српските медиуми.

Тој истакнал и дека не ја исклучува можноста за воведување на рестриктивни мерки, доколку тоа не биде така.

Вучиќ по повод актуелната ситуација со ширењето на коронавирусот за новинарите изјавил дека граѓаните мораат да бидат сериозни и дисциплинирани, особено во Белград.

-Доколку не бидеме подисциплинирани ќе инсистираме да се воведат мерки- рекол Вучиќ и додал дека ќе почека уште некој ден, да види дали ќе се промени однесувањето и податоците за бројот на заразени, па потоа ќе процени дали да се преземаат мерки со цел заштита на животите и здравјето на луѓето.

Воведен полициски час во Црна Гора

Поради епидемиолошката состојба, од денеска е воведен полициски час во црногорската општина Рожае.

Националното координативно тело донесе одлука да им забрани на сите жители на таа општина да ги напуштат домовите од 18:00 до 05:00 часот, јавува ЦДМ.

Работењето со угостителските објекти во Рожаје е дозволено до 17 часот.

Од вчерашниот последен пресек, лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја завршија анализата на уште 94 примероци, од кои десет беа позитивни за новиот вирус на корона.

Сите контакти се претходно потврдени случаи, пренесува Подгорица уз.

Во моментов во Црна Гора има 100 активни слуачи на коронавирусот.

Коментари

коментари