Полицијата пpиведе советници од опозицијата, ситуацијата наместо да се смири, уште повеќе напната во Црна Гора

Наместо да се смири целата ситуација, таа ескалира. Дали конечно позицијата и опозицијата ќе најдат решение или ваквата игра ќе продолжи?

Хаос настана на седница во Општина Будва каде беше фрлен солзавец и беа приведени советници.

Како што пренесува „Вијести“, за малку ќе дошло до физичка пресметка меѓу советници.

Советниците од Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство, по расправии со приватното обезбедување на влезот од зградата.

Приведени се петмина советници – Крсто Раџеновиќ (СНП), Јанко Димиќ, Дејан Божовиќ, Наташа Митровиќ и Џорџе Вујовиќ од Демократски фронт.

Јанко Димиќ претходно рекол дека е фрлен солзавец и дека советниците се избркани надвор.

Собранието на Општина Будва денеска треба да одлучи за избор на ново општинско раководство, по тесното мнозинство советници, предводени од ДПС го сменија градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент Крсто Радовиќ.

Деновиве во Будва имаше повеќе инциденти и судири меѓу полицијата и граѓаните, приврзаници на власта предводени од Царевиќ и Радовиќ.

Коментари

коментари