петок, 29 септември, 2023

Николовски од ВМРО-ДПМНЕ отиде на штандот на СДСМ и размени неколку зборови со Сугаревски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на општина Прилеп и прилепско на средба со граѓаните.

Таму е и актуелниот министер за транспорт и врски од СДСМ Горан Сугаревски кој исто така одржува средби со граѓаните. Она што е многу интересно е што токму и двајцата се сретнаа на штандот на СДСМ и разменија неколку зборови. Имено, според пишувањата на одредени медиуми Николовску му порачал на Сугаревски дека ќе доживеат пораз на претстојните избори.

Оливер Спасовски, носителот на листата на Коалицијата „Можемe” во ИЕ 2 денеска пак истакна дека ги поставивле основите за правна држава и сега е на ред правосудството да се прочисти од корумпирани судии и обвинители.

Во изминатиот мандат како што наведе Спасовски, тие докажале дека нема да има нарачени пресуди, тефтерчиња и „Ало судија”.

Ние, во изминатите три години работевме на свеста и на одговорноста на извршната власт – никој да не помисли да се меша во работата на правосудната власт, како што тоа се случуваше во мрачните времиња на режимот. Го донесовме Законот за јавно обвинителство што гарантира дека сите предмети со висока корупција, мора да имаат судска разрешница. Во нашата програма се обврзуваме на ред, дисциплина и правда. Прв приоритет во овој дел е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат остатоци од груевизмот, изјави Спасовски.

Судиите и обвинителите според него имаат обврска да испорачаат владеење на правото, во кое што законот е еднаков за сите.

Тој истакна дека купување правда, монтирани случаи, жртви на режим е минато, односно како што потенцира Спасовски, секој кој ќе се дрзне да се вмеша во такво нешто, па дури и да се тоа обвинители и судии, ќе мора најде под лупата на правдата.

Коментари

коментари