Христијан Мицкоски се огласи за новата снимка во која се слуша дека му помагал Камчев: Се сечат и се монтираат парчиња

Мицкоски вели дека неговата партија никогаш не се противела на работата на СЈО за да го спаси Камчев, туку се борела против политичко влијание и злоупотреба, посочувајќи го случајот „Рекет“.

Нелегално снимениот разговор е еден разговор, а сега се сечат и се монтираат парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев зашто мислат дека тоа ќе им помогне во нивната изборна кампања и во намалување на дебаклот којшто им следи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ја новата аудиоснимка објавена утрово на Јутјуб, која е продолжение на веќе објавени делови од разговор меѓу него и Зоран Милески-Кичеец, еден од осудените во предметот „Рекет“.

Разговорот во кој зборува за помош што ја добил од Орце Камчев за долговите што ги оставило претходното раководство во партијата, Мицкоски вели дека ја прикажува вистината, за тоа каква била состојбата на ВМРО-ДПМНЕ кога тој дошол на функција.

„За останатиот дел од разговорот, јас сум коментирал и во минатото дека мора да има правда и право според законите, а не според она што им одговара на СДСМ и Зоран Заев, олицетворено во „Луј Витон“ обвинителството и „трас-трас“ судството. Деновиве ќе се изнаслушаме се и се што, но за нас е важно да останеме фокусирани на понудата, зашто на граѓаните во овие тешки моменти им треба визија за понатаму, а не вакви би рекол, монтирани разговори, во случајот еден разговор, којшто Зоран Заев и СДСМ мислат дека ќе им донесе некаков поен, но им благодарам еве што и тие овозможија уште еднаш да се слушне целата вистина како беше кога ја презедовме ВМРО-ДПМНЕ, но е еве 30 месеци потоа и со блокиран имот и со долгови доаѓаме до избори на кои се бориме за 61 пратеник“,

Тој посочува дека неговата партија никогаш не се противела на работата на СЈО за да го спаси Камчев, туку се борела против политичко влијание и злоупотреба, посочувајќи го како пример случајот „Рекет“.

Целиот текст прочитајте го на 360степени ТУКА а во продолжение прочитајте друга содржина: Димитров: Можеби на почетокот на идната недела ќе има информација за влез на македонски државјани во ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека се уште трае процесот на консултации во ЕУ за тоа дали да им се дозволи влез во Унијата на македонските државјани и од кога, имајќи ја предвид состојбата со Ковид-19.

 Вчера имавме една видео средба со моите колеги од Балканот што ја реализираше еврокомесарот Вархеји. Меѓу другото, ова се дискутираше. Еврокомесарот кажа дека процесот на консултации трае, дека одлуките ќе бидат врз основа на објективни критериуми во однос на епидемиолошката слика во сите земји од Западниот Балкан. Вчера по друго прашање имав телефонски разговор и со австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг и уште некои други извори. Мислам дека во моментов, сега е ова неблагодарно бидејќи уште нема одлука, меѓутоа во моментов малку држави од шесте од Западниот Балкан ќе ги исполнат критериумите за да бидат на таа целосно бела листа на ЕУ, меѓутоа да почекаме и да видиме, рече денеска Димитров, кој беше на партиски настан како носител на кандидатска листа во ИЕ 1 за коалицијата „Можеме“.

Европската унија, потенцирше тој, ќе донесе препорака кон земјите членки, но одлуката дали таа ќе се применува и како ќе се применува ќе биде национална односно на земјите – членки, а препораката ќе се менува и ќе се ажурира на секои 14 дена во однос на динамиката, случувањата околу епидемиолошката слика на сите земји.

-Имавме на високо работно ниво неколку контакти неделава, не од денес и од вчера, изминатава недела и уште и таму трае процес на одлучување. Не е сосем јасно како ќе пресечат и во однос на македонските државјани, меѓутоа и во однос на другите земји од регионот, така што веројатно на почетокот на иднава седмица можеби ќе имаме и конкретна информација, тврди Димитров.

Нацртот за Преговарачката рамка за земјата е готов во Европската комисија, информира министерот одговарајќи на новинарско прашање велејќи дека има определен и разлики во Комисијата во однос на одлучувањето.

-Во дневен контакт сум последниве две седмици со Брисел, со ЕК на различни нивоа. Нацртот е готов. Има определени разлики меѓу два фактори во ЕК околу начинот како ќе се одлучува кога една земја ќе го изгуби компасот и ќе почне да се враќа назад во смисла на демократија, слобода на медиуми, правна држава, како земјите- членки и Комисијата ќе одлучат и процесот на пристапување, она што се вели реверзибилност врз основа на новата методологија и овие разлики се причината за ова доцнење од – па речиси, колку веќе, две седмици. Не исклучувам на почетокот на идната недела да има решение на овој проблем. Не знам дали ќе го објават, тој може ќе излезе, меѓутоа ќе објават дека е усвоен што се однесува на Комисијата и после оди во рацете на земјите – членки, објасни Димитров.

Министерот за надворешни работи вели дека е уверен дека првата меѓувладина конференција ќе биде во текот на втората половина на годината. Засега за тоа нема одреден датум.

-Уште нема, не зависи само од ова прашање. Пред неколку дена германскиот министер за надворешни работи ми кажа дека тие се решени како Претседателство, нели Германија го презема Претседателството со Советот на ЕУ, ова е прашање што им е важно и тој ми пиша дека заедно со нас сака да работи оваа работа да се заврши. Меѓутоа, без да прецизира баш дали октомври ќе биде, дали ноември итн. Тоа што е за нас важно, јас сум уверен дека ние ќе ги почнеме пристапните преговори во текот на втората половина на оваа година, рече Димитров.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!