недела, 24 јануари, 2021

Земјотрес ја вознемири Србија – ете што точно се случило

Забележани се од страна на сеизмолошките апарати во Кладово, Бор и Кучево.

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтерова скала е регистиран во 19.30 часот по локално време во регионот на Кладово, објави Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Интензитетот во епицентарот е проценет на VI по Меркалиева скала.

Претходно во регионот на Кладово околу 14.20 часот и во 17.30 часот се забележани земјотреси со магнитуди од 3,2 и 3,8 степени по Рихтер со епицентар на 25 километри од соседниот романски град Дробет Турн Северин.Регистран е и потрес во 17.36 часот на подрачјето на Мајданпек од 2,9 степени по Рихтер.

Потересите се почувствувале ширум општина Кладово, но и во соседната општина Неготин.

Забележани се од страна на сеизмолошките апарати во Кладово, Бор и Кучево.

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на објектите во епицентралната област, се наведува во соопштението.

Покрај на Балканот, земјотрес регистриран на Нов Зеланд

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на новозеландскиот Јужен Остров.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет киломерти, а повеќе илјади луѓе во околината на Милфорс Саунд го почувствувале потресот.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!