Се огласи и Зорица Трпчевска: Да ви ја кажам вистината

Откако на социјалните мрежи се појави натпис со „Зорица Џингова (црна маица) лицето под реден број 72 на листата на лица кои треба да се со решение во самоизолација, дели флаери на штанд на ДПМНЕ во Аеродром. Пазете се Аеродромци!!!, стои во објавата од профил Трета смена на социјалните мрежи, истиот е брзо пренесуван и од многу други граѓани“.

Зорица брзо се огласи на социјалните мрежи и кажа друга страна од приказната, која ви ја пренесуваме во целост:

-Во врска со информациите кои излегоа во јавноста, би сакала да Ве информирам дека се апсолутна невистина и за жал се злоупотребуваат во политичка кампања. Бев во самоизолација иако тестот ми беше негативен од 03.06 2020 до 17.06.2020 година.

-Воедно, барам Државниот санитарен и здравствен инспекторат јавно да ми се извини, како и тоа сите медиуми овој Демант да го објават на истиот начин на која е објавена и ЛАЖНАТА ВЕСТ.

-Грижата за личното и колективното здравје треба да е безусловен приоритет во заштитата од Covid 19.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!