Картер по 22 години официјално и кажа збогум на кошарката

Винс Картер ја завршува својата долгогодишна кошаркарска кариера и оди во пензија по цели 22 сезони.

Неговиот тим Атланта хоукс нема шанси за плејофот па затоа не ни доби покана да игра во „Дизниленд“ за да ја заврши сезоната во НБА-лигата. Последните поени во кариерата Картер ги постигна против Њујорк кога реализираше тројка во поразот на Хоукс од 136-131 во продолжението од Њујорк на 11 март. Лигата потоа беше суспендирана поради коронавирусот.

Картер пристигна во НБА-лигата во 1998 година, кога на драфтот беше избран од Торонто репторс како петти пик. Веднаш ги присвои симпатиите на навивачите со своите игри и заслужено беше прогласен за „Дебитант на годината“.

Тој шест пати беше олстар играч во седумте сезони додека го носеше дресот на Репторс, а во 2000 година го освои натпреварот во забивање на Олстар натпреварот. Истата година на Олимписките игри во Сиднеј го изведе можеби и најдоброто забивање на сите времиња на дуелот против Франција.

Коментари

коментари