среда, 21 октомври, 2020

Се огласи Венко Филипче: Нема да дозволам политички да поентирате на епидемијата

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил му одговори на директорот на скопскиот Центар за јавно здравје Арбен Зибери:

Директоре Зибери. Tоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини и да ја поткопувате работата и одлуките на Комисијата за заразни болести. Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно.

Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.

Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5, Систина со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!