понеделник, 15 август, 2022

Заев: Ќе ги пpијавам ВМРО-ДПМНЕ, нека се обидат да земат албански, а ДУИ македонски гласови

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ предвременото ја почнаа преизборната кампања и затоа ќе добијат соодветни пријави, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Нивното анти-државно однесување беше забележано по периодот како опозиција, тоа се случи и за време на коронакризата, а таквото однесување кулминираше со наближување на изборниот процес. Последен доказ за тоа е предвременото започнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ чии носители на листи, кандидати за пратеници, активисти за време на викендот јавно делеа партиски пропаганден предизборен материјал што е спротивно на законите“, рече Заев и додаде дека поради овие активности опозициската партија ќе добие соодветни пријави преку институциите.

Заев рече дека од една страна е СДСМ, посветена на промоција на почитување на мерките и законите, а од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки за заштита од коронавирусот.

„Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа во одбрана на партиското профитерство на штета на граѓаните и јавното здравје“, рече Заев.

„Здраво е за државата по 17 години на власт ДУИ да оди во опозиција, но сепак за ова граѓаните одлучуваат преку својот глас. Дури би било добро ДУИ да се обиде да освои гласови од Македонците. ВМРО исто така треба да се обиде да ги освои гласовите на Албанците. Инаку, следниот премиер ќе биде од редовите на СДСМ“, рече Заев.

-Мицкоски може да нуди само враќање на режимот. Се уште се заглавени во своето режимско минато од кое ниту сакаат да излезат. Партијата е водена од збунет и неодговорен и незрел политичар, чие однесување е опасност за државата. Нивното антидржавно однесување беше обележје во изминатите три години. Последен доказ е предвременото започнување на кампања на ВМРО-ДПМНе, бидејќи активистите викендот јавно делеа предизборен материјал, за што ќе добијат соодветни пријави, обвини Заев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!