Ѓоковиќ одби да се тестира за корона вирус, а претходно кажа дека не сака вакцина

Новак Ѓоковиќ беше во интензивни контакти со Григор Димитров и Борна Чориќ, и двајцата се позтивни на Ковид-19, позитивен е и кондицискиот тренер на Србинот, Марко Паники, но абер од најдобриот тенисер на светот нема.

Ѓоковиќ не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото сеоднесува и за другите лица од неговиот тим и околината.

Тренерот на српскиот тенисер, Горан Иванишевиќ, на своја иницијатива, направи анализа пред три дена, а резултатот беше негативен.

Медицинската служба на Задар им овозможи на тенисерите да си заминат без да поминат тестови. Сепак, некои играчи направија тест и ги чекaaт резултатите.

Уште во почетокот на пандемијата и корона вирусот, Ѓоковиќ кажа дека е против вакцина за вирусот

Новак Ѓоковиќ е против вакцинирање, тој вели дека не би сакал вакцината за коронавирус да биде задолжителна.

Најголемиот дел од населениот во светот се надева дека што е можно побрзо ќе биде пуштена вакцина против Ковид-19, но не и Новак Ѓоковиќ.

„Лично не сум за вакцирање, и не би сакал некој да ме примора да добијам вакцина за да можам да патувам. Ако тоа стане правило и закон, што ќе биде тогаш? Треба да одлучам дали да го направам тоа или не. Имам свое размислување, а дали ќе го променам во некој момент, не знам. Хипотетички да се продолжи сезоната во јули, август или септември, иако шансите не се големи за тоа, колку што разбрав веднаш по укинување на строгиот карантин ќе има барање за обавезна вакцина, која се уште ја нема“ вели Новак Ѓоковиќ.

„Работите и дефинитивно нема да бидат исти и прашање е кога ќе се вратат во нормала. Ова трае и ќе трае можеби уште толку, а можеби и повеќе. Период кој сите треба да го искористиме добро да размислиме како да настапиме понатаму во своите кариери, во професионалниот живот… За нас тенисерите имаме многу патувања, тоа ќе биде предизвик број еден“.

Коментари

коментари