Филипче соопшти важна информација за отварањето на границите:

Комисијата за заштита од заразни болести денска и утре ќе разговара за можноста за отворање на граничните премини, како и за тоа дали ќе се бараат тестови или не, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, информира МКД.МК.

Како што кажа Филипче, анализата на бројот на нови случаи во земјите од регионот укажала дека целиот регион околу нашата држава е со ист епидемиолошки ризик и дека во носењето одлуки треба регионален пристап, по консултации со министрите за здравство од околните земји.

На прашањето за отворање на градинките кое што беше најавувано, тој кажа дека уште рано за тоа, бидејќи со оглед на големиот број нови случаи може да се зголеми трансмисијата меѓу децата, па одлука ќе се носи понатаму.

Во однос на објавувањето на имињата на оние што не ги примаат решенијата за изолација, Филипче информираше дека направен е уште еден обид со тоа што решенијата се испратени по пошта. Досега се испратени 400 решенија и според податоците, 30 не се доставени. Филипче кажа дека ќе се почека уште неколку дена, па потоа ќе се објават имињата на оние на кои што нема да можат да им бидат доставени решенијата ниту по пошта.

Извор: Мкд.мк – прочитајте повеќе:

Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!