(ВИДЕО) Во еден поинаков амбиент: Прво интервју на капитенот Војдан пред камери во GG3+

И додека светот се движи напред, спортот и тоа како е ценет, се прават емисии и следат натпревари, кај нас сето тоа како да е ставено во „втор“ или „трет“ план.

Долго време само ги следевме соседните или странски емисии, немавме наш проект, а потоа се случува емисијата „GG3+“, до сега се појавуваат само на Фејсбук и Јутјуб, но со своите интересни гости и концепт на работа, веројатно набрзо ќе напредуваат многу повеќе.

Домаќини на емисијата се двоецот Никац и Слаѓо, а целата реализација на овој проект и припаѓа на продукцијата Медиа таг. Видеата од емисиите може да ги следите на Фејсбук и Јутјуб.

Секојпат имаат интересни гости, а во последната емисија го „освоија“ и капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски кој го даде првото ексклузивно интервју пред камери, токму во емисијата GG3+.

Војдан гостува во петтата епизода, која може да ја погледнете во продолжение, откри интересни и необични работи, како од професионалниот, така и од приватниот живот.

Коментари

коментари