Денес во големата сала во Врховниот суд, беше донесена пресудата во случајот „Рекет“ на обвинителката Вилма Русковска.
Во судот присуствуваа и обвинителката Вилма Русковска, адвокатите на обвинетите, а од затворот во Шутка беше спроведен и Бојан Јовановски-Боки 13.
Катица Јанева не беше спроведена, откако самата побарала така, нешто на што таа има законско право при изрекување на пресуда.
Присутна беше и сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева која беше една од главните сведоци во овој случај. Таа седеше во последниот ред од судницата.

Донесена е конечна пресуда за случајот „Рекет“. Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 доби вкупно девет години затворска казна за двете кривични дела.
Катица Јанева доби казна затвор до 7 години за кривичното дело злоупотреба на службената положба.
На двајцата ќе им се смета и времето поминато во притвор во последните месеци.

„Бојан Јовановски и Катица Јанева ВИНОВНИ СЕ, затоа што во периодот од месец ноември 2018 година, до месец април 2019 година, Бојан Јовановски познат како Боки 13 го искористил своето влијание врз Катица Јанева за извршување на службени дејствиа. За посредувањето земале награта од 1,5 милиони евра, односно од сведокот Ана Камчева во износ од 500 илјади евра, а од сведокот Јордан Камчев 1 милион евра“, рече Николовска Масевска.

Наскоро повеќе детали…