понеделник, 15 август, 2022

Македонка побара помош за операција, балкански фудбалер веднаш и ги уплати парите

На Балканската фан страна на Интер се појави објава, во која Македонката Стаменка Менче Трповска бара помош и донација за помош и операција.

Таа напиша:

Драги пријатели, сега ми требате повеќе од било кога! Инаку, некои од вас ме знаат, а некои тек ќе ме запознаат, но јас сум девојката која се бори со сопствениот колк и пробува на било кој начин да го спаси. Првиот пат успеавме заедно и се супер беше, но се десија некои неочекувани работи кои мене ме вратија на штаки еве скоро цел месец не можам левата нога да ја мрднам и едвај со аналгетици успевам да станам на нозе за да можем испитувања да си направам.

Да појаснам: Ланската операција на колкот која ја направив во Белград, Србија беше успешна, но се десија некои компликации за кои морав пак итно да се оперирам во Србија. Но добро познатата причина за одлагање на се наречена корона ни ги промени животите на сите па така и на мене и чекајќи сево ова да помине и границите да се отворат за да ја заминам за Србија да се оперирам по втор пат ми се одложи. На средина на март месец требаше да заминам за Белград, но се откажа и јас така чекајќи пак завршив на штаки и тоа полошо од било кога. Искрена да бидам веќе не можам да издржам, ни спијам како што треба ни ништо од огромни болки. Па пак собрав храброст да ви се обратам на вас, драги мои пријатели поради тоа што сама не можам да се изборам со ова ниту физички ниту финансиски. Така што за ова мое лекување и пост оперативен третман ќе ме кошта 3000 евра за кои јас не можам да си ги обезбедам.

Како што слушнавме и прочитавме на порталите од вчера официјално се отворени границите, што значи дека можам сега да патувам и тоа што е можно поскоро. Затоа најдлабоко и најискрено ќе ве замолам кој колку може да донира за оваа моја агонија конечноо да заврши и да продолжам нормално да чекорам. За мои 26 години мислам дека заслужувам подобар живот без болки.

Тука ќе ги оставам мојата денарска и девизна сметка и кој колку може нека донира и ве молам споделувајте! Ви благодарам однапред на сите!!!, напиша таа.

И брзо по објавата се јавува ГОСПОДИНОТ Марсело Брозовиќ, фудбалер на Интер. И ништо друго освен – КЛАСА ЧОВЕК.

-Погледај порку еј“, пишува Марсело и во иста секунда префрла 3.000 евра на сметка за лекување на Стаменка Менче Трпковска.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!