Најнова вест: Македонија од утре ги отвара границите – деталите се следни

Македонија од утре ги отвора сите гранични премин. Влез и излез ќе биде дозволен како за македонските граѓанин така и за странците. Но, активните мерки како негативен корона тест и задолжителен карантин остануваат на сила, известува Канал 5 телевизија.

Утре земјава ги крева рампите на сите гранични премини, одлучи Владата. За да влезат во Македонија граѓаните ќе треба да прикажат негативен ПЦР тест, но не постар од 72 часа. Останатите граѓани ќе одат во задолжителен државен карантин. Тие ќе имаат можност на свој трошок да побараат да им биде направен ПЦР тестот. Доколку е негативен, ќе бидат преместени во домашна самоизолација од 14 дена. Доколку пак, граѓаните не сакаат да го направат тестот, ќе останат во државен карантин 14 дена, а по тој рок ќе им се изготви решение за домашна самоизолација.

Од утре и оние кои ја користат земјава како транзит ќе може да влезат од било кој граничен премин, а да излезат од друг. Но, останува обврската да потпишат изјава дека за најмногу 5 часа ќе ја напуштат земјава и нема да скршнуваат од автопатот или регионалниот пат.

На попладневната седница Владата донесе и Уредба со која од сега и приватните болници ќе може да ги лекуваат пациентите кои се заболени со Корона вирусот.

Извор: Канал 5 телевизија – линкот ТУКА

Предложени казни од по 500 евра за четири лица кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози од по 500 евра против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа, соопшти ЈОРМ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!