Филипче со порака до политичарите: Размислете едно нешто многу добро

По објавениот датум за избори, Министерот за здравство, Венко Филипче упатува апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.

„Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политичкки партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес. Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните. Барам секоја активност да биде целосно прилагодена на препораките. Очекувам сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата каде ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните“, вели Филипче.

Тој изрази уверување дека изборниот процес може да се организира на начин безбеден за сите учесници, а тоа е единствено можно само ако сите доследно се придржуваат до јасно пропишаните мерки на Комисијата за заразни болести.

Функционерите и лидерите на политичките партии и партиските активисти, вели Филипче, имаат обврска да бидат пример за сите за доследно придржување кон мерките за заштита на колективното здравје.

„Соочени со избори во време на пандемија, како земја мора да покажеме дека сме подготвени да одговориме и на овој предизвик, да одржиме фер и безбедни избори без ниту еден ризик по здравјето на граѓаните“, нагласува Филипче.

Џафери го потпиша решението за распишување избори

Претседателот на Собранието синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули 2020 година, соопштија од Собранието.

Како што се наведува во соопштението:

Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот, се вели меѓу другото во соопштението.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!