Заев: Ајде Мицкоски, прифаќам – да одиме на избори на 15-ти јули

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција за медиумите истакна дека ќе го прифати предлогот на Христијан Мицкоски, избори да има на 15-ти јули, средината на месец јули.

Заев кажа дека е подготвен да го прифати и условот на Мицкоски, со цел добро на државата. Секако, сето тоа ќе биде утврдено со поротокол за зачувување на здравјето на граѓаните.

Ќе се гласа и во понеделник и вторник, каде ќе гласаат хронично болните и сите во самоизолација, додека во среда ќе гласаат сите други граѓани.

Заев вчера на својот Фејсбук профил напиша:

Итно одржување на изборите е неопходно и екстремно важно за да ги вратиме институциите кои мора да им служат на граѓаните со полн капацитет и легитимитет.

Тоа е неопходно и за подобро справување со здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19.

Датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, тој е одреден од уставот и законите.

На Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните воопшто не им е важно, тоа се само изговори за да нема избори. На средбата кај Пендаровски, Христијан Мицкоски не спомена ниту З од здравје на граѓаните, ниту З од здравство или здравствена криза.

Граѓаните тоа го знаат. Впрочем токму Мицкоски шеташе по кафани и теретани, прекршуваше мерки, а неговиот министер Чулев го поткопува системот одвнатре и го загрозува здравјето на граѓаните.

Цели три години ВМРО-ДПМНЕ правеше опструкции, кочници, бојкоти.
ВМРО-ДПМНЕ бараше предвремени избори, дадовме предвремени избори. Од декември наваму измислуваат изговори само да ги одложат, затоа што знаат дека граѓаните ќе ги казнат, знаат дека ќе загубат.
Нема веќе бегање, нема одложување. Доста е!

Стравот од пораз на изборите не смее да биде причина на било која партија да бојкотира избори или да бара нивно одложување и со тоа да ги става во опасност и народот и државата.

Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност.

Нема да дозволиме Мицкоски да ја втурне земјата во институционална криза, без Собрание и политичка Влада, нема да дозволиме да биде загрозена безбедноста, сигурноста и здравјето на граѓаните.

Ние не сакаме избори без опозиција, но ако Мицкоски се одлучи на тоа, ние ќе покажеме што можеме да направиме во еден мандат без саботажи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!