недела, 6 декември, 2020

Важна информација за сите кои патуваат: „Виз eр“ ја продолжи до 13 јули суспензијата на сите летови од и до Северна Македонија

Нискобуџетна авиокомпанија Виз eр денеска најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 13. следниот месец.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.  Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението.

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата денела изјави дека се разговара, но оти сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

– Се разговара, но сè уште е рано да се донесат такви одлуки, од страна на ТАВ беше побарано во наредниот период да се соопшти доколку Владата и Кризниот штаб одлучат да ги отворат, бидејќи ќе им требаат од седум до 10 дена за тестирање. Сè уште нема таква одлука, рече Сугарески.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје.

Владата на седница во петокот утврди протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродромот Скопје.

Целиот текст можете да го видите на порталот Либертас.

Повеќе содржини: Откажани 1.000 свадби во Охрид и Струга

Поголемиот дел од околу 600 свадби кои ова лето требаше да се одржат само во Струга се откажани или се ставени на чекање. Плановите на сите им ги помати пандемијата од коронавирусот. Хотелиерите и рестораните веќе бројат огромни финансиски загуби. Тешко ќе биде и да се организира свадба во вакви услови на строги мерки за држење растојание, забрана за групирање и со носење на маски. Знаете нашите обичаи какви се, кога ќе почнат сите зетот и невестата да ги љубат за добредојде и подароци. Треба да мислиме како понатаму и како да ги менуваме тие обичаи. Со овие услови кои се дадени, сите свадби се откажани…“, изјави Крсте Блажески-хотелиер од Струга за АлсатМ

Хотелските работници велат дека голем дел од свадбите се презакажуваат за догодина, затоа што најголемиот дел од нив се поврзани и со доаѓањето на иселениците во родниот крај.

Ова е голема штета за нашите бизниси бидејќи економски како држава многу сме зависни од нашите печалбари и ако нив ги нема ова лето ќе биде тешко за нас и целата економија на Македонија.“, рече Висар Љумани, хотелски менаџер.

Слична е ситуацијата и во Охрид каде за овој период од порано биле закажани околу 400 свадби, но веќе се откажани. Инаку, власта сè уште ги нема објавено протоколите за одржување на свадби и други свечености ако некој воопшто и се одлучи на таков чекор летово.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!