Гратис одмор за 117.000 граѓани: Проверете НАЈБРЗО дали добивате ваучер за туризам

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денес соопшти уште една убава вест за граѓаните на државата. Откако пред неколку денови беа соопштени добитниците на платежна картичка, денес веќе се објавени и добитниците на ваучер за туризам.

Оваа информација ја соопшти Ангеловска преку Фејсбук, а истата ви ја пренесуваме во целост:

-Од денес и ваучерите за туризам достапни за граѓаните, вработени со ниски приходи, кои покрај домашна платежна картичка од 3.000 ден. добиваат и ваучер за туризам од 6.000 ден.

117.000 граѓани добиваат ваучери во вкупна вредност од oколку 12 милиони евра со цел да се поддржи домашниот туризам.

Тие ќе може да ги искористат ваучерите за патување во земјата од 15.07 до 15.12.2020 кај сите сместувачки објекти, хотели и туристички агенции кои ќе се регистрираат за примање на ваучерите.

Пријавувањето ќе започне наскоро а листата на сите даватели на туристички услуги кај кои може да се плаќа со ваучерите ќе биде објавена на почетокот на месец јули.

Министерството за економија денес ги испрати Ваучерите на e-mail адресите на граѓаните заведени во Управата за јавни приходи.

Исто така, на веб-страната граѓаните можат да проверат дали се на листата со внесување на својот единствен матичен број и да го преземат нивниот ваучер.

Повеќе информации на https://domasiedoma.gov.mk/

Дома си е дома! За поддршка на граѓаните, за јакнење на македонскиот туризам.

Да ги цениме и истражиме убавините кои ги нуди нашата земја, напиша Ангеловска.

Се што треба да направите е да го внесете вашиот матичен број и да кликнете „Пребарај“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!