Нова трагедија ја потресе Македонија: Се превртел со трактор и починал

Вчера во 15.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во с.Дулица, на место викано „Цебовци“, додека Ќ.С.(47) од с.Дулица управувал трактор „фергусон“, се превртел со тракторот и починал на местото на незгодата.

Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, стои во соопштението од МВР.

Пред само неколку денови уште една трагедија со трактор зацрни фамилија во Делчево.

При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.

Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смртта, информираат од делчевскиот Здравствен дом.

Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин.

Во Скопје пак 70 годишен маж тешко повреден откако со трактор излетал од патот

Управувајќи со трактор маж од Скопје на возраст од 70 години изгубил контрола и излетал од патот по што со тешки повреди бил пренесен во болница.

„Вчера во 09.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кривогаштани-с.Житоша во Прилеп, Ѓ.Н.(70) од Скопје, управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата тешко се повредил по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Коментари

коментари