понеделник, 26 јули, 2021

Кога македонските политичари ќе мислат дека ова е во Македонија (ФОТО)

Социјалните мрежи се интересен изум. Таму можете да видите буквално се, од целиот свет – потоа да го перцепирате на сосема поинаков начин и истото да го пренесете на трета личност на трет начин.

За тоа сведочи и „свадбата од Делчево“, која се појави на социјалните мрежи. Станува збор за свадба во Русија пред 4-5 години, каде невестата, младоженецот, сватовите, сите се тепаат, потоа сите се разделуваат и на крај се фрла бидермаерот. На видеото некој напишал „Некаде по Делчевско“ и готово, веќе сите мислеа дека свадбата е во Делчево.

И тоа е за жал нашиот менталитет на социјалните мрежи, каде се споделуваат и лајкнуваат Фејсбук страни за да се добијат гратис базени и тенди. Но, неодамна беше и „Го сакам Кам во поштенско сандаче“. Тоа сите го знаат.

Сето тоа може да се проголта, кога е направено од „неофицијални“ лица. Но, зарем и политичарите се фатија на истата мамка? Можеби пак некои намерно дозволуваат да се случи тоа?

На социјалните мрежи се појави и интересна фотографија од „маестрален“ пат, каде за истиот не е потребен коментар, може само да го погледнете во продолжение.

И набрзо потоа, истата фотографија ја сподели и поранешниот министер за транспорт и врски во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мијсаловски, кој сега е во највисокото раководство на Христијан Мицкоски.

-Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ!?, напиша Мисајловски.

Оваа вест и фотографија е објавена во германските медиуми, станува збор за велосипедска патека, која како што велат тамошните медиуми е поради желбата да се долови адреналински момент за оние кои возат велосипеди.

Градоначалникот на општината Кирчдорф каде се појави овој изум истакна дека првенствено станува збор за грешка во планот.

Она што уште повеќе упаѓа во очи се 1.400 „лајкови“ како и над 200 „споделувања“ кај поранешниот министер Мисајловски. Значи сите овие луѓе веруваат дека овој пат е негде во Македонија, иако е тој многу далеку, во развиената и убава Германија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!