понеделник, 15 август, 2022

Индексите и книгите заклучени во соби, МОН уште нема издадено дозовла за иселување на студентите

Студентите во студентските домови ширум државата се справуваат со огромен проблем. Откако првично им беше закажана сесија со физичко присуство, без шанса да живеат во домовите, добија уште еден непријатен удар.

Нашата редакција доби повеќе поплаки од студенти во студентските домови, кои ни објаснија дека нивните работи се „заклучени“ во домовите и не можат да ги земат.

На почетокот од кризата имало два термини за земање на потребните работи, но повеќето од нив не сакале да ризикуваат, верувајќи дека ќе се вратат назад во домовите.

И така, книгите за овој семестар и индексите им се „заклучени“ во домовите. Немаат дозволат да отидат и да ги земат, па немаат шанса да полагаат без индекс – проблем од кој „боли глава“.

Од ДСД испратиле барање до МОН за официјално да можат да бидат иселени студентите, но од страна на Министерството за образование веќе 10 дена нема никаков одговор.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!