среда, 6 декември, 2023

Како да дезинфицирате маска: Постојат три начини, но едно нешто мора да направите задолжително

Центарот за превенција и контрола на болести советува за еднократна употреба маски по употреба, не заборавајте да ги исфрлате, а ткаенините за еднократна употреба, измијте секој ден

Секако секој што носи маска кога оди на шопинг или на работа, откако ќе се врати дома мора да се фрли таа маска ако е за една употреба, доколку е памучна тогаш мора да се испере.

Прскање со средство за дезинфекција или изложување на маската на сонце не се доволни.

Ако немате време секојдневно да ја ставате маската во машина за перење, тогаш направете го тоа рачно. Ставете ја маската да отстои во врела вода барем 10 минутио во која претходно сте додале сјај за миење садови. Добро истријте, исплакнете ја и исушете.

Ако пак имате машина за перење и сушење тоа е одличен начин за дезинфекција, но претхиодно сместете ја маската во вреќичка за перење за да не се искинат ластиците.

Може да ги перете со прашок, но немојте да додавате омекнувач.

Сме слушнале и дека маските се ставаат во загреана релна на 70 степени, околу 30 минути и дека и на тој начин се дезинфицира, но многу е можно да се запалат.

Затоа загрејте ја пеглата и  поминете ја маската неколку пати.

Коментари

коментари