Foto

Има ли навреда ако го кажеме ова

Пресконференцијата на Д-р Караџовски кренала фама кај одредени новинари и медиуми, па гледам се чувствуваат навредени од неговиот однос? Се прашувам зошто?! Дали можеби поради 100-те пресконференции на кои се поставуваа секакви прашања, па дури и прашања дали смееме да реновираме по дома во време на пандемија?

Сега читам на еден медиум, реагирал и некој си Сотир Костов, па се прашувам – кој е тој?! Тој е некој доктор, експерт, новинар, кој фактор е тој?! Што всушност е тој човек за да критикува и оценува работа и изјава на епидемиолози? Ако е доктор или медицинско лице можам да разберам, но ако не е, чуму е важно неговото мислење?

Има ли навреда ако се каже дека во кафулињата сите седат по пет, шест, седум луѓе на маса?! Има ли навреда ако кажеме дека илјадници автомобили го напуштија Скопје за време на последниот полициски час?!

Има ли навреда ако кажеме дека дел од граѓаните на кризните места, сами си признаа дека таму кај нив не се почитува полициски час, а некои од нив загрижени за своето здравје побараа поголема ажурност од страна на полицијата?

Има ли навреда ако кажеме дека одредени медиуми се расфрлаат со неофицијални бројки на новозаболени уште во раните утрински часови?!

Има ли навреда кон оние кои го почитуваат полицискиот час ако кажеме дека првиот човек на МВР кажа дека не треба да се казнува бидејќи граѓаните биле сиромашни?

Преземено од Фејсбук

Коментари

коментари