Долги редици на патарините кај Скопје и Тетово, поскапуваат и горивата

Избегаа од полицискиот час за да го поминат продолжениот викенд во Охрид и Струга, каде забраната за движење не важеше како во Скопје. Денеска, во шест часот наутро, влезните патарини во Тетово и во Скопје беа преполни поради враќањето на автомобилите. Во некои случаи, возачите дури не може да се стрпат, бидејќи доцнеа на работа, пренесува Алсат.

„Не беше толку лошо, немаше толку голема гужва, ми се чини дека залудно се крена само прашина. Сѐ беше нормално, празни паркинзи, немаше многу луѓе, само кафулињата требаше да ги почитуваат мерките повеќе“.

„Сѐ беше добро, само имаше многу луѓе, имаше гужва“.

„Имаше полициски час, од четири часот. Овој е мојот роден град и воопшто не го чувствувавме. Правевме нешто околу куќата и тоа е тоа“, рекоа анкетираните граѓани.

Големиот наплив на скопјани во овие градови, според лекарите за заразни болести, би можел да го зголеми бројот на заразени со корона вирусот во овие градови.

Поскапуваат горивата, Регулаторна го објави новиот ценовник

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,23%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/литар.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!