Венко објави најнови резултати од тестирања: 111 нови пациенти, највеќе во Скопје, Куманово и Штип

Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19. Скопје 63, Куманово 11, Штип 12. Тетово 8, Велес 3, Охрид 1, Гостивар 3, Крива Паланка 1, Кочани 9.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти. Во Прилеп 1, Тетово 4, Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

о Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, информираат од институцијата.

Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје потврдена од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана, се наведува во соопштението.

Од Институтот посочуваат дека официјалните информации за состојбата со Ковид 19  се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство.

Повеќе: Форбс објави листа каде ги рангира земјите според безбедност при пандемијата на коронавирусот, а Македонија се ноаѓа на 103 место.

Првото место на листата и припаѓа на Швајцарија, втора е Германија, а трет е Израел. Останатите земји кои се во топ 10 се Сингапур, Јапонија, Австрија, Кина, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Од регионот најдоброто место и припаѓа на Словенија, која се наоѓа на 32 место, Хрватска е 36-та, додека Црна Гора е на 42 место. Србија се најде на 54 место, а Албанија на 88 место.

Податоците се базираат на 130 параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикасност на владите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!