Нема да се воведува карантин ако во наредните денови, вели Спасовски

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека доколку бројот за заразени во наредните денови се намалува, тогаш нема да се воведува карантин за одредени општини.

-Владата е во постојано заседание и ако се процени дека има потреба од дополнителни рестрикции тоа ќе биде направено. Доколку почнат да паѓаат бројките во наредните два до три дена, тогаш нема потреба од воведување карантински мерки.

-Доколку бројките растат, секако дека ќе се размислува за карантински мерки за определени подрајча или општини. Доколку вака се развива состојбата, каде сите кластери се познати, тогаш нема да има потреба од карантински мерки, рече Спасовски.

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

Скопје 52 – Куманово 2 – Штип 1 – Тетово 14 – Велес 2 – Гостивар 2 – Кочани 1 – Пробиштип 1 – Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

Скопје 12 – Куманово 2 – Тетово 11 – Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Се извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија.

Коментари

коментари