Јанева распали во завршните зборови: Камчев сакаше да ме купи, ама се заебал

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е второобвинета во случајот „Рекет“  во денешните завршни зборови за пријавителот на случајот Јордан Камчев и сопругата Ана кажа дека ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат, нарекувајќи ги дно на дното, пренесува СДК.

„Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви, кои ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат. Тие се дно на дното. Дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, тоа го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може да ме купи. Се заебал!“, кажа Јанева.

Во текот на вчерашниот ден свои завршни зборови имаше и Бојан Јовановски кој рече дека не се плаши доколку го самоубијат во кофа поради отварањето на пандорината кутија, нагласувајќи дека чукнал часот.

Шара и хара низ Скопје со својата параполиција и седи со директори, а мене што стојам во бело облечен тука како Тито ме држите во притвор, рече Јовановски алудирајќи на Зоран Милески Кичеец.

 Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви доакзи за делото за кое се товарам, изјави Катица Јанева, во завршен збор за случајот „Рекет“.


Мене не ми требаат црвени телефони. Мене ми е чист образот. Некој да сакаше да го урне СЈО јас не му требав. Јас сум во притвор за пари што не се докажаа за Камчев да се спаси, рече Јанева.

Таа нагласи дека е само грубо изманипулирана од една личност.

– Кога станав шеф на СЈО, многу обвинители сакаа да дојдат. Ама јас реков дека за борба против криминалот ни требаат чесни луѓе. Затоа ги исфрлив некои и останувам на тој став, рече Јанева.

Сјо беше обвинувано во повеќе наврати за вршење на политички прогон, но сепак истото доби поддршка од екс премиерот Никола Груевски кој во минатото имаше само пофални зборови за Катица Јанева.

Коментари

коментари