Филипче: Чекајте ги официјалните бројки – денес има 67 позитивни од корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-кофенреција информираше и побара од медиумите да не избрзуваат со објавување на бројките за заболени, туку да чекаат додека тој број официјално не биде објавен.

-Од вкупно 868 тестирани, 67 позитивни пациенти во изминатите 24 часа, во следните неколку часа ќе ја објавиме и деталната анализа по градови. Има 25 оздравени и 1 починат пациент, рече Филипче.

Сотирова Бухова информираше дека досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти.

Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, информира денеска на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, претставувајќи ја состојбата со кластерите на заразени со КОВИД – 19 коишто се појавија во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на КОВИД -19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Сотирова Бухова потенцираше дека овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се ажурирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во таа бројка не се внесени кластерите во фамилии или другите позитивни лица.

-Правните субјекти и текстилните фабрики во Штип покажаа исклучително почитување на протоколите со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен престанаа самоиницијативно со работа, рече Сотирова Бухова.

Таа демантираше дека во конфекците продолжила работата и прецизира дека таму денеска во присуство на надлежните инспекторати се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и нивното присуство таму е само од таа причина.

Апелира до сите лица кои имаат добиено решенија од ДЗСИ исклучително да се придржуваат по препораките во решението, односно да не ги напуштаат домовите.

Постапување спротивно на ова решение е казниво по закон, истакна директорката на ДСЗИ, повикувајќи го и Министерството за внатрешни работи да го контролира почитувањето на решенијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!