СДСМ: Сите кои биле во ризичен контакт со заболени лица се во самоизолација

Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска.

СДСМ се обрати со соопштение после позитивните резултати на Ковид-19 на потпретседателот Мухамед Зекири и на членката на ЦО Сања Лукаревска.

„Во однос на активни случаи со коронавирусот, СДСМ ја информира јавноста дека по извршените тестирања потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на Ковид-19.

Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска.

По напревените тестирања информираме дека потпретседателката Мила Царовска и потпретседателот Дамјан Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките.

СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец.

Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна и последователна лична дезинфекција.

Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.

Апелираме сите граѓани без исклучок да ги почитуваат мерките и задолженијата за спречување на ширење на заразата. Само на тој начин ќе го заштитиме личното, но и јавното здравје.“, соопштија од СДСМ.

Коментари

коментари