четврток, 28 септември, 2023

Притворено лице во затворот во Шутка е позитивно на коронавирусот, шверцувал мигранти

Вчера е притворено лице за шверц на мигранти во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари кое било позитивно на коронавирусот, дознава Нетпрес.мк од свои извори.

Информацијата ја потврди директорот на затворот „Скопје“ Есад Рахиќ кој рече дека лицето веднаш било изолирано, за да не бидат загрозени вработените и притворените лица, затоа што тоа е затворен систем.

Рахиќ истакна дека денеска лицето ќе биде препратено во соодветните институции за негов понатамошен третман, иако нема изразени симптоми на Ковид-19.

Веднаш е направена дезинфекција на просториите во затворот.

Денеска најмалку 90 новозаразени и 6 починати од Ковид-19

Канал 5 дознава дека денес на територија на Република Македонија се регистрирани најмалку 90 нови случаи на заразени од коронавирус а починати се најмалку 6 лица.

Наскоро со повеќе информации.

Позитивни на корона вирусот се Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ. Во самоизолација одат Марјан Забрчанец, Дамјан Манчевски и Мила Царовска.

Исто така, во самоизолација остануваат и Висар Ганиу и Арафат Муареми.

Коментари

коментари