Времето денес повторно ќе изненади – дочекајте го подготвени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.

Дневен хороскоп за 31. мај 2020 година

Дневен хороскоп за недела, 31. мај 2020 година.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо.

Кариера

Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте.

Кариера

Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето.

Здравје и совет

Изолирајте се во мир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции.

Кариера

Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата.

Кариера

Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате.

Здравје и совет

Внимавајте на вируси.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива.

Кариера

Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито.

Здравје и совет

Медитирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро.

Кариера

Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели.

Здравје и совет

Останете доследни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате.

Кариера

Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин.

Здравје и совет

Избегнувајте колачи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица.

Кариера

И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно.

Здравје и совет

Здравјето ви се подобрува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се.

Кариера

Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа.

Здравје и совет

Непостојаност во навиките.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете.

Кариера

На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи.

Кариера

Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат.

Здравје и совет

Ги победувате грижите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации.

Кариера

Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на чист воздух.

Коментари

коментари