Трамп пресече, левичарската група AHТИФА ја прогласи за тepopиcтичка

Групата нема официјален водач или седиште, иако во одредени држави одржуваат редовни состаноци и имаат прилично разгранета мрежа на активисти.

Претседателот на САД Доналд Трамп објави денеска дека оваа земја ќе ќе означи анархистичката левичарска организација „Антифа“ како терористичка.

Тој на својот Твитер прифол напиша „Соединетите Американски Држави АНТИФА ќе ја именуваат како терористичка организација“.

„Антифа“ претставува организација која собира левичарски настроени приврзаници, кои при изразување на своите политички уверувања користат анархистички методи. Се борат за одбрана на ЛГБТ малцинства, родова идеологија, неконтролиран прилив на мигранти, патем не осудувајќи ги причините за нивниот масовен егзодус, поттикнуваат мултикултурализам, непостоење на граници…
Позициите на Антифа тешко може да се одредат, но многу членови го поддржуваат угнетеното население и протестираат против богатството што го собираат странските компании и елитата. Некои користат и радикални или милитантни тактики за да ја пренесат својата порака.

Групата нема официјален водач или седиште, иако во одредени држави одржуваат редовни состаноци и имаат прилично разгранета мрежа на активисти.

Трамп неодамна оваа организација ја обвини за „насилството и вандализмот“ кој се шири низ земјата, а го води „Антифа и другите радикални левичарски групи кои тероризираат невините, ги уништуваар работните места, ги осакатуваат претпријатијата.

На оваа одлука на Трамп свое влијание имаа сознанијата на разузнавачките служби дека токму членови на Антифа пред неколку дена организирале протест пред Белата куќа поради Афроамериканецот Џорџ Фројд.

Извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Коментари

коментари