понеделник, 26 јули, 2021

Спасовски од Куманово кажа кога ќе се одржат изборите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денес од своето Куманово најави дека по истекнување на вонредната состојба од 14 денови, ќе продолжат подготовките за изборите кои ќе траат 22 дена, по што на 5-ти јули ќе се одржат предвремените парламентарни избори.

-Не постои друг механизам. Тоа е единствена опција. Ако точно се пресмета, може да видите дека изборите ќе бидат на 5-ти јули. Било какво пролонгирање не можно ниту од правен, ниту од праведен аспект. Секој термин на избори кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе се спротивстави со правото на летен одмор. Избори наесен се опасна идеја по здравјето на граѓаните и економијата“, рече Спасовски.

Спасовски истакна дека би било подобро доколку за тој датум има политички консензус, но исто така и додаде дека не може ВМРО-ДПМНЕ да прави саботажи.

Се надева дека на новата лидерска, лидерите на политичките партии ќе најдат заеднички јазик и ќе се договорат изборите да бидат на 5-ти јули.

„Со ова ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот за избори се фиксира на 5 јули. Ги повикуваме сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблемот. Изборите се поважни и од кафеаните и од спортските натпревари, славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме со маска, да седиме во ресторан и состанок под маски, тогаш можеме со сигурност и да одиме на избори“, кажа Спасовски.

Изборите се важи за државата, затоа што не е возможно истата да функционира без законодавна власт и нормална извршна власт. На 5-ти јули нашата државата ќе добие нов парламентарен состав и нова Влада со целосен легитимитет и со целосна одговорност, кое е важно и од здравствен, економски и демократски аспект.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!