Мухамед Зекири, сопругата и детето се позитивни на коронавирусот

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на неговиот фејсбук-профил објави дека е позитивен на корона вирусот заедно со неговата сопруга и тримесечното бебе.

„За среќа, немам никакви симптоми, но тестот покажа позитивен резултат. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни“, порача Зекири.

Драги пријатели, и покрај строго почитување на мерките и минималните контакти со луѓето, сакам да ве известам дека јас заедно со сопругата и мојата ќерка три месеци резултирам позитивно во тестирањето за СОВИД 19.

За среќа немам никаков симптом, но резултирав позитивно. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и можноста од зараза и да бидат максимално внимателни. Ако вие или вашите блиски забележите најмал симптом, консултирајте се со матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам ако не знаев некого дознав во независна позиција изминативе денови.

Мухамед Зекири пред два дена беше на дебата на ТВ24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и новинарката Душица Мрѓа.

Веројатно во еден ваков случај Јанушев и новинарката ќе мора да бидат во самоизолација.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 62 новозаразени со Ковид 19, што е значителен пораст во однос на вчера, кога беа евидентирани 35 нови случаи.

Според неофицијални информации на Фокус, 24 од нив се од Скопје, 14 од Штип, 12 од Тетово итн. Претседателот Пендаровски пак во текот на вчерашниот ден прогласи нова вонредна состојба од 14 дена која трае од денеска.


Коментари

коментари

error: Content is protected !!