Јанушев ги добил резултатите од тестот за коронавирус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев е негативен на коронавирусот, пишува Прес24.

Тој се тестираше откако пред три дена беше на телевизиска дебата заедно со неговиот колега од владината СДСМ, Мухамед Зекири, кој денеска објави оти тој заедно со соптугата и ќерката се позитивни.

Јанушев претходно се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, каде му посака брзо закрепнување на Зекири.

Повеќе вести: Детектор: Граѓаните не планираат да летуваат под маски

Мерките за заштита ќе имаат големо влијание на тоа дали граѓаните ќе одат на одмор ова лето, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

60,8% од граѓаните велат дека нема да одат на одмор ако се уште мора да се почитуваат мерките за социјална дистанца и носење маски, а за 21,4% тоа нема да биде проблем за да летуваат.

78,6% од граѓаните велат дека не би отишле на одмор ако по враќањето мораат да поминат самоизолација или карантин во Македонија, додека 11,6% велат дека ниту тоа не би ги спречило да летуваат.

Во однос на најавеното тестирање на границите, 65,7% велат дека нема да одат на одмор ако мора да прават тестови пред поаѓање, додека 22,6% се спремни и да се тестираат само за да летуваат.

52,1% од граѓаните велат дека ова лето на годишен одмор на планираат да патуваат со автобус или авион, додека 26,4% велат дека се подготвени за тоа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!