среда, 1 декември, 2021

(ФОТО) Пред Влада граѓани: Не веруваат дека постои корона вирус, се протестира против 5Г

Денес пред Влада, група граѓани одржа протест против владините мерки за спречување на коронавирусот, 5Г и вакцините нд Бил Гејтс.

Граѓаните носеа знамиња, маски, транспаренти со симболот на Сонцето од Кутлеш, при што извикуваа и различни повици до граѓаните да не веруваат во заверите што им се прават.

Иако не веруваат во методите за заштита од короната, насобраните луѓе сепак носеа маски и дел од нив држеа дистанца со образложение дека не сакаат да плаќаат казни.

„Сите овие глупости што се шират за да има епидемија на една територија треба да има 15% заболени. И по некои дефиниции 5-10% починати. Кај нас нема. И во исто време се поставуваат и 5г мрежи навечер во недела без маски во полициски час и за нив нели нема пандемија. Или оние што го прават тоа имаат посебен имунитет од отровната вакцина Бил Гејтс?“, изјавил еден демонстрант за „360 Степени“.

Друг за истиот портал пак рекол: „Не сакаме вакцини со отров , нема да дозволиме да им помине планот. Трева не пасeме. Ќе се открие вистината , а тоа е да се уништат економиите на сите држави, пандемија не постои“.

Откако интервенираше полицијата насобраните луѓе заминаа со возила , но дел од протестирачите останаа и се конфронтираа со полицијата која приведе едно лице.

Од МВР потврдија дека има приведено едно лице, а за седуммина се преземени мерки за непочитување на уредбата и мерките за јавен собир и групирање и ќе им бидат поднесени пријави.

ФОТО: 360Степени

Коментари

коментари

error: Content is protected !!