среда, 22 септември, 2021

Без помош од полицијата: Тестирано семејството на починатиот од Чаир

Семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

-Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кому посмртно бил дијагностициран Ковид-19, пишува Филипче.

Вчера од Центарот за јавно здравје информираа дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

-Со асистенција на полицијата, Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје-Скопје денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот Ковид-19, иако посмртниот бриис му бил позитивен, гласеше вчерашната порака.

За среќа, семејството на крај прифатиле да бидат тестирани.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!