Земјотрес во Албанија, се тресеше и југозападот од Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Корча, кој се наоѓа непосредно до границата со Македонија.

Епицентарот бил на 7 километри северозападно од Корча во 17:35 часот по македонско време.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот крај.

Инаку овој земјотрес е четврти во последните 24 часа во тоа подрачје, но овој последниот беше најсилен од сите досегашни.

Минатата година страшен земјотрес ја погоди Албанија, од тогаш често има серија на помали, но исто така нималку наивни земјотреси – кои предизвикуваат голема паника кај населението.

Во силниот земјотрес на 26-ти ноември во Албанија, тогаш загинаа 47 лица, а повредени беа околу 2.000 луѓе.

Земјотрес со сила од 5,6 степени ја погоди Албанија на 21 септември при што беа оштетени 500 куќи.

Коментари

коментари