‘Трудна сум во седми месец..’

Трудна сум во седми месец и обично одам да извршам мала нужда на секој половина час. Станувам рано наутро, целата во брзање бидејќи морам да одам да ми земат крв, а доцнам за автобусот. Тоалетот зафатен.

Си велам, добро, не е страшно, ќе издржам и ќе одам негде во град да се олеснам. Доаѓам на ред за земање на крв, кога гледам пред мене 40 луѓе. Сите чекаме надвор пред поликлиниката во редица.

Ја прашувам сестрата на влезот ако можам да одам до тоалет, но таа на мене ми одговори со зборовите да се воздржам додека да дојде мојот ред да влезам (влегуваа по тројца внатре). Стоиме во место, редот речиси и да не се движи.

Кога конечно можев да влезам, сфатив дека за 10 минути тргнува мојот автобус. Јасно беше дека имам време само да ми земат крв, а доколку одам во тоалет, ќе го испуштам автобусот.

Следниот автобус беше за два часа, што не сакав воопшто да помислам да чекам. Возењето до дома траеше околу еден саат.

Долу почна да ме боли, што бев убедена дека ќе ми пукне. Солзи почнаа да ми течат од очите. Ја држев раката помеѓу нозете, воопшто не ми беше галје што луѓето гледаат.

Целата таа агонија заврши со тоа што извршив нужда во гаќичките, на влезот од дворот. Ми беше навистина многу срам, но едноставно, не можев да издржам ниту секунда повеќе.

Коментари

коментари