Пендаровски одлучи – во моментов се обраќа до нацијата и прогласува нова вонредна состојба

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во изјава за медиумите рече дека ќе прогласи нова вонредна состојба, која започнува да трае од утре.

Јавноста е веќе информирана дека бројот на новозаболени и починати почна да расте последните денови. Точно е дека во најголемиот број од општините ситуацијата е стабилна, но за некои општини има загриженост. Спасовски го образложи барањето на Владата за нова вонредна состојба.

Имајќи ги предвид овие ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре. Одлуката е поврзана исклучиво да и се помогне на Владата и институциите за да се справи со здравствените и економските ефекти од пандемијата и нема никаква поврзаност со датумот за изборниот ден.

Сакам да упатам порака до граѓаните, Владата и лидерите на политичките партии:

Сакам да им се заблагодарам затоа што веќе трет месец крајно дисципилинирано ги почитуваат препораките за заштита на здравјето на граѓаните. Сакам да упатам и порака да не се опуштаме бидејќи мораме да останеме совесни до самиот крај на оваа битка.

До Владата: Не смее да се враќаат рестриктивните мерки на целата територија на државата. Неказнувањето на оние кои не ги почитуваат законите не смее да се дозволи.

До политичките лидери: Државата нема Собрание, постои техничка Влада која има лимитирани услови, ситуацијата е пресериозна, мора да се договорат за датум за следни парламентарни избори за да се добијат институции со полн капацитет и политички легитимитет. Државата не смее да продолжи да функционира на овој начин.

Факт е дека политичките лидери имаат комуникациски канел меѓу нив, но и јас со нив. Неколку од тие клучни политички лидери беа прилично блиску до датум. Ако смееме да шпекулираме, без да споменам имиња и датум. Тие беа во рамки на десетина дена разлика. Се споменува и неработен ден како можност за гласање, не само недела како ден за гласање како што беше. Ние ќе мораме да имаме политички институции, нивно е да решат кога е најдобро да се има датум за избори, факт е дека короната ќе трае, факт е дека вакцина уште нема, а можно е и 2021 да нема. На пример вчера СЗО даде предлог дека од септември треба да има онлајн настава.

Државата нужно мора да се отвара, мерките мора да попуштаат бидејќи ќе дојдеме до економска катаклизма, не катастрофа. Прашањето е како да се менаџираат сите битни процеси во земјата. За жал и во јуни и во јули, август и септември ќе имаме заболени. Ние мораме да се научиме да живееме со ова се до моментот на наоѓање вакцина, рече Пендаровски во своето обраќање.

Коментари

коментари