‘Имавме само по 18 години кога се венчавме’

Имавме по 18 години кога се венчавме, се зедовме млади, од љубов, прва, невина, чиста…

Живеевме заедно 11 години, на секој начин се обидовме да добиеме деца, не успеавме и на крај одлучивме да се разведеме.

На само 29 години бевме разведени, секој на своја страна. Четири години ниту ја видов, ниту слушнав нешто за неа. Минатата година на Св Валентајн се сретнавме сосема случајно, сфативме дека не можеме еден без друг, повторно се дружевме и бевме подготвени за живот сами двајцата, без деца…

И тогаш, БУМ.. само еден месец подоцна, таа остана трудна. Бевме пресреќни, воопшто не се обидувавме, а се случи. Меѓутоа, откако пред два месеци се породи, нешто во мене ми велеше дека тоа дете не е мое и дека тие „случајности“ не се случајности, туку нешто сосема друго.

Направив ДНК анализа и таа покажа дека сум татко на детето. Од тогаш поминаа 10 денови и наместо да сум среќен, се чувствувам грдо, ми се гади од самиот себе затоа што се сомневав во верноста на својата сопруга, која никогаш, на никаков начин не ме повредила.

Не знам како да се ослободам од ова одвратно чувство, не знам.

Коментари

коментари